Кои се предностите на фасадните ѕидови со камена волна?
Според истражувањата, топлинските загуби во надворешните ѕидови достигнуваат до 40% од вкупните топлински загуби во еден неизолиран објект. Поради оваа причина поставувањето на квалитетна термоизолација на надворешните ѕидови секогаш е првиот чекор за подобрување на енергетска ефикасност на станбените објекти.
При изведба на станбени објекти, изборот на изолација е исклучително важен, не само затоа што е потребно да се обезбеди високо ниво на топлинска отпорност, туку и поради многубројни останати поволности кои вистинската изолација ги обезбедува за објектите, од кои особено важна е енергетската ефикасност.
Луѓето поминуваат значителен дел од својот живот во домот. Природните изолациски материјали создаваат пријатна микроклима и удобност, дозволувајќи им на ѕидовите да дишат. Статистиката покажува дека изолираните објекти со природни материјали создаваат природна и здрава средина за живеење, а со тоа и отпорност на имунолошкиот систем кај луѓето.
Камената волна е природен термоизолациски материјал. Главната карактеристика на топлинската изолација со камена волна е вредноста на коефициентот на топлинска спроводливост. Клучот за издржливост на камена волна е во природните својства на природниот камен и компонентите кои обезбедуваат јачина на спојување на влакнта и униформност на структурата. Најдобрите влакна што го формираат материјалот, случајно лоцирани во хоризонтални и вертикални насоки, под различни агли и цврсто ткаени заедно, ја даваат потребната цврстина и стабилна форма. Потеклото на материјалите и постојаната контрола во текот на производството гарантираат одличнен квалитет, трајност и зачувување на својствата во времето во системот на контактната фасада.
Во поглед на заштеда на енергетски ресурси на станбените објекти, изолацијата со камена волна поставена на фасадата овозможува да се потроши помалку енергија за греење или ладење, со што исто така се намалува влијанието врз животната средина.
Овој материјал припаѓа на категоријата од неколкуте што можат да се пофалат со позитивен енергетски биланс. Ова значи дека количината на енергија што се заштедува со нејзина помош е многу поголема од она што се троши за нејзино производство.
Покрај главната цел – да се постигне термичка удобност, камената волна поседува дополнителни неспорни квалитети, исклучително важни за безбедноста на станбените објекти и удобноста во просториите. Благодарение на специјалните технологии што се користат во производството на материјалот, изолацијата на фасадата со камена волна им дава на објектите голем број предности:
1. Издржливост
Како природен материјал, животниот век на камените плочи е практично неограничен, па поради тоа фасадата со камена волна има доживотна трајност и огромна димензионална стабилност на промена на температура, што гарантира доживотен комфор и безбедност на објектот.
2. Термичка изолација
Камената волна е еден од најтоплите материјали. Одличните термоизолациски својства на материјалот и уникатната порозна структура овозможуваат да се постигне термичка удобност во просториите – во зима ја задржува топлината внатре во домот, а во текот на летото го спречува навлегувањето на топлината во домот. Новите генерации камена волна со подобрен коефициент на топлинска спроводливост обезбедуваат одлична термозаштита и се прилагодени на сите видови основни ѕидни конструкции.
3. Звучна изолација
Ова се постигнува со фактот дека камените влакна се тесно испреплетени, додека просторот меѓу нив е исполнет со честички воздух. Освен што ни го нарушува спокојот и продуктивноста, бучавата може да има и негативно влијание врз нашето здравје. При термичка изолација со камена волна, таков проблем не постои – стотиците илјади влакна, од кои е изградена таа, ја апсорбираат бучавата, како од околината, така и од објектот.
4. Отпорност на пожар
Едно од најважните прашања кои се однесуваат на безбедноста и заштитата на луѓето при престој во станбен објект е заштитата од пожар. Камената волна е целосно незапалив материјал, со висока отпорност на оган. Таа може да издржи термичка обработка над 1000°C, пред да почне да се топи. Дури и кога се користат други материјали за изолација, камената волна се користи како бариера против ширењето на евентуален пожар во зградата.
5. Отпорност на влага
Значајна разлика во карактеристиките на камената волна спрема другите изолациски материјали е нејзината парапропустливост – преку ѕидовите се обезбедува дифузија на водената пареа, или како што се вели – ѕидовите “дишат” и тоа го спречува создавање на кондензација. Дифузијата на водената пареа низ ѕидови изолирани со камена волна се врши беспрекорно, поради што и квалитетот на воздухот во внатрешноста на просториите дефинитивно е подобар во споредба со изолациите исклучиво од паранепропустливи материјали.
6. Безбедност на животната средина
Камената волна е целосно природен материјал, и припаѓа на класата биолошки здрави материјали. Таа е 100% е безбедна и за луѓето кои живеат во станбениот објект, а исто така и за животната средина. Поради нејзините главни одлики, односно квалитетот на воздухот кој ги создава во просториите, камената волна позитивно влијае на организмот на луѓето, обезбедувајќи здрава средна за живеење.
Камената волна е единствен изолациски материјал кој што ги овозможува сите горе наведени карактеристики одеднаш. Она што ја прави уникатен и најпосакуван изолациски материјал е фактот дека таа ги поседува сите овие квалитети во едно, т.е при единствено поставување на изолација од камена волна, се добиваат сите наведени својства кои се од особено значење за еден станбен објект.
Фасадата со камена волна е белег исклучиво на објекти со врвен квалитет. Ние во ДДМ Инженеринг оосебно внимание обрнуваме на квалитетот на материјалите кои ги поставуваме во сите наши објекти. Следејќи ги најновите светски трендови во градежништвото, имплементираме квалитетни, економични и енергетски ефикасни решенија кои гарантираат бројни поволности. Дали знаете дека фасадните системи со камена волна кои ги поставуваме во нашите објекти се карактеризираат со скоро два пати пониски енергетски потреби во споредба со стандардните системи за изолација? Бидејќи знаеме дека квалитетен дом значи пред сè енергетски ефикасен дом.
Погледнете повеќе за нашите активни објекти во Тафталиџе и Влае.