Image

Друштвото за градежништво, трговија и проектирање ДДМ Инженеринг ДОО Охрид ги бележи своите почетоци од 2007 година со јасна визија и цел на пазот за недвижности да понуди луксузни, современи и квалитетни станови и да обезбеди висок стандард за урбано домување.

бул. Партизански Одреди 88, локал 8, 1000 Скопје, Северна Македонија
078 202 287

ddminzenering@yahoo.com

© 2024 DDM Powered by Genera Development

DDM Инженеринг

Друштвото за градежништво, трговија и проектирање ДДМ Инженеринг ДОО Охрид ги бележи своите почетоци од 2007 година со јасна визија и цел на пазот за недвижности да понуди луксузни, современи и квалитетни станови и да обезбеди висок стандард за урбано домување.

DDM Инженеринг е компанија која е исклучително посветена на задоволување на желбите и потребите на секој клиент, континуирано следејќи ги современите светски трендови во градежништвото и архитектурата со цел да понуди поинаков концепт при креирањето на идеален дом.

Професионалноста и принципиелноста е основниот белег на нашата компанија и несомнено претставува причина за влевање на доверба и сигурност кај нашите клиенти.

Ефикасноста и квалитетот во начинот на работа е она по што е ДДМ Инженеринг препознатлив и го креира високиот рејтинг помеѓу изразената конкуренција. Нашите вредности се темелат на искуство, одговорност, посветеност и квалитет, а желбите на клиентите за нашата инспирација и мотивација да создадеме модерно, квалитетно и функционално решение за домување. Континуирано се стремиме да ја одржуваме дадената динамика и да бидеме одговорни согласно со дадените рокови во поглед на изградбата. Нашата примарна цел е на клиентите да им понудиме квалитетни, комфорни и практични станови и да им овозможиме да ја донесат вистинската одлука за избор на идеален дом. За нас претставува предизвик секогаш да понудиме новитет на пазарот, со употреба на првокласни материјали и иновативни технологии, да понудиме станови со висок квалитет и одлична енергетска ефикасност, а со тоа да дадеме придонес за подигнувањето на стандардите за урбано домување.