Станбениот објект CITY SIDE 2 е нов урбан комплес за заедничко домување и претставува совршен спој на модерен дизајн на архитектура, врвен квалитет на изградба и максимална функционалност на станбените единици.
Инспириран од најсовремените светски трендови во градежништвото и архитектурата, комплексот CITY SIDE 2 претставува модерен објект кој може да одговори на сите потреби на урбаното домување.
Посебно внимание е посветено на изборот на градежни материјали и примена на најсовремените технологии во градежништвото, за целосно нов пристап во изградбата, со цел понуда на станови со врвен квалитет и највисок коефициент на енергетска ефикасност.
Обезбедување на квалитетот во согласност со највисоките стандарди ги опфаќа сите области на компанијата, од развој и производство до администрација и логистика.
Ѕидовите помеѓу становите се состојат од два реда камена волна и вкупно пет Knauf табли, додека зидовите за преградување на собите во внатрешноста на еден стан се со еден ред камена волна и вкупно четири Knauf табли за зголемена звучна изолација.
Профилните системи на познатиот производител Veka се придржуваат до највисоките стандарди
за квалитет на профили на прозорци што важат во Европа. Развојот на профилната технологија
на компанијата има за цел да ги зголеми перформансите, овозможувајќи највисоко ниво на
изолација
и комплетна удобност во дом.
За комплексот City Side 2 одбираме високо квалитетни прозори со 6 коморен
профил
и 3 слојно стакло, чиј исклучителен квалитет ќе ви овозможи неверојатна изолација и
енергетска ефикасност во вашиот дом.
Кога станува збор за избор на санитарија, изборот за комплексот City Side 2 се две реномирани производители - Kolpa San и Grohe, чии основни карактеристики се врвна технологија, највисок квалитет на производи, исклучителен дизајн според најактуелните светски трендови и максимално ниво на одржливост.
Комплексот City Side 2 е наш трет објект од вкупно изградени 11 објекти , на кој имаме комплетна имплементација на системот за сува градба на познатиот производител Кнауф и ги овозможува сите карактеристики за квалитетен и енергетски ефикасен дом.
Комплескот е сместен на атрактивна локација во Скопје, на ул. Франце Прешерн во населбата Влае, во идеално мирна средина, на соодветна далечина од сообраќајниот метеж, а сепак во непосредна близина на урбаните содржини.
Локацијата нуди одличен пристап и едноставна комуникација со важни инфраструктурни позиции како супермаркети, пазар, болница, училиште, парк и многу други.
Во радиус од 500 метри се наоѓа градинка, неколку маркети, кејот на Вардар е на само 700 метри оддалеченост, како и брз влез на главната сообраќајница Бул. Партизански Одреди и лесна конекција со ул. Ацо Шопов која води кон кружниот тек во населба Влае.