Што значи енергетски ефикасен дом?

Во услови кога цената и потрошувачката на енергија се во постојан пораст, за сите нас причина за загриженост претставува енергетската ефикасност на домот. Еден од пресудните фактори при избор на нов дом е да имате простор кој ќе ви овозможи максимална удобност и комфор, со истовремено ниски трошоци за одржување.

Кога зборуваме за градежништвото највообичаени и најприменливи мерки за енергетска ефикасност се топлинска изолација на ѕидовите, прозорци со висока топлинска отпорност, системи за греење и ладење кои разумно ја трошат и распоредуваат расположивата енергија и сл.

За енергетски ефиксаен дом, примената на термоизолациони матeријали и соодветна топлинска изолација на ѕидовите е од круцијална важност. Функцијата на овие материјали е да се заштити зградата од надворешните промени во температурата и да се задржи постојана пријатна температура во нејзината внатрешност. Добро изолираните ѕидови го спречуваат студениот воздух да навлезе во внатрешноста, односно ја чуваат топлината во внатрешноста на просторијата. Многу е важно ѕидовите да пружат колку што е можно поголем отпор на топлинските протоци, со цел топлината да се задржи во просторот кој се загрева, или да не се допушти нејзино навлегување во просторот кој се разладува. Истото ќе придонесе просторот да се загрева или разладува со многу помал дотур на енергија.

Топлинската изолација е најважниот факторт за енергетска ефикасност на објектите, затоа што ги намалува загубите на топлина, во грејна сезона ја задржува топлината во просториите, а преку лето не дозволува надворешната топлина да навлезе во внатрешноста на станбениот простор. Сепак, термоизолационениот материјал на еден објект треба да задоволува и некои дополнителни фактори, како парапропустност на пареа, трајност, противпожарна заштита, шумоизолација и сл. Покрај топлинската изолација, во добро изолиран објект (со соодветна вентиланција) не се создава и појавува влага, односно се постигнува комфор со рамномерен распоред на температури на внатрешниот воздух, без провев и површини кои предизвикуваат чувство на студенило.


Колку што е важна топлинската изолација преку примена на термоизолациони матeријали, исто толку важен момент претставува изнаоѓањето на вистинско решение за греење, ладење и вентилација. Како најекономично и енергетски ефикасно решение, денес тоа несомнено претставуваат топлинските пумпи, а најдобар начин за целосно искористување е со инсталација преку систем за подно греење. Ова решение не само што ќе обезбеди одлично затоплен или разладен дом, туку носи и други бројни поволности.

Топлинските пумпи овозможуваат голем комфор и идеална клима во просторот. Трошоците за одржување се ниски и не бараат секојдневна посветеност како кај останатите конвенционални системи за греење. Предноста на топлотните пумпи е што обезбедуваати и ладење на предвидениот простор, што со користење на друг конвенционален извор на загревање не е можно, односно потребни се дополнителни инвестиции за обезбедување на други системи за ладење на просторот. Нивните предности дополнително се зголемуваат и со обезбедувањето на топла санитарна вода. Ефикасноста на овие системи е во тоа што произведуваат поголем процент на топлина, за потрошената електрична енергија, со што заштедата на енергија е евидентна. Исто така со самото тоа што топлинските пумпи користат обновливи извори на енергија, директно влијаат на намалување на количината на штетни гасови, како и на намалување на потрошувачката на енергија.

Кога зборуваме за енергетска ефикасност на домот, идеално решение е простор кој ќе обезбеди максимална удобност и комфор, со истовремено и ниски трошоци за одржување. Енергетската ефикасност на домот не значи само намалување на потрошувачката на енергија, туку значи намалување на истата, без да имате потреба од намалување на комфорот на живот. Така, употребата на соодветни материјали за изолација и системи за загревање може да ја намали потрошувачката на енергија и за повеќе од 50%.


За нас, квалитетот на изработката е врвен приоритет. Огромно внимание посветуваме на изборот на градежни материјали кои ги поставуваме во нашите објекти, а нашиот избор се сведува на квалитетни материјали од реномирани брендови со докажани врвни карактеристики кои ги поседуваат. Следејќи ги најновите светски трендови во градежништвото, во сите наши објекти имплементираме квалитетни, економични и енергетски ефикасни решенија кои носат бројни поволности за секоја станбена единица.

Погледнете повеќе детали за нашите активни објекти во Тафталиџе и Влае.