Image

Друштвото за градежништво, трговија и проектирање ДДМ Инженеринг ДОО Охрид ги бележи своите почетоци од 2007 година со јасна визија и цел на пазот за недвижности да понуди луксузни, современи и квалитетни станови и да обезбеди висок стандард за урбано домување.

бул. Партизански Одреди 88, локал 8, 1000 Скопје, Северна Македонија
078 202 287

ddminzenering@yahoo.com

© 2025 DDM Powered by Genera Development

Влае

Модерно домување, каде што квалитетот и удобноста се приоритет

Новиот објект на улица Влае е ново поглавје во урбаното домување. Создаден со мисла за стил, удобност и вистински квалитет, овој објект нуди живот исполнет со детали кои се чувствуваат - од материјалите до просторот и атмосферата во домот.

Совршен баланс помеѓу естетика и функционалност, сместен во мирна околина, со современ архитектонски израз, врвни материјали и максимално искористен простор, создаден за оние кои знаат што значи квалитетно домување.

Современа архитектура која ги комбинира естетиката и практичноста, дизајнирана да даде чувство на пространост и светлина. Секој простор е дизајниран да овозможи функционално живеење и совршено пријатна атмосфера во просторот.

КАРАКТЕРИСТИКИ НА ОБЈЕКТОТ

Сместен во една од најпосакуваните населби во главниот град, во пријатно опкружување, нуди идеална поставеност за да овозможи мирен живот, додека во истовреме обезбедува одличен пристап до важни инфраструктурни позиции.

Средината опкружена со зеленила гарантира дека ќе имате пријатно живеење, додека содржините кои се наоѓаат во непосредна близина ќе ги задоволат сите потреби на урбаното секојдневие.

Објектот во целост ги задоволува најстрогите стандарди за квалитет, функционалност и енергетска ефикасност, а секоја единица гарантира комплетна удобност во просторот.

Луксузниот комфор, идеалениот распоред и максималната функционалност е она што го отсликува секој стан. Со модерна естетика и паметно искористување на просторот, секој стан нуди беспрекорна удобност во просторот и највисок квалитет. Секоја станбена единица е проектирана да биде неверојатно комфорна и идеално функционална, со одличен распоред, каде удобноста во секој агол е загарантирана.

Во согласност со најновите трендови и светски стандарди во градежништвото, овој објект е синоним за квалитет во секој поглед, а вниманието на секој детаљ од изведбата, како однадвор, така и одвнатре е еден од приоритетите кога станува збор за современо домување.

Употребата на врвни технологии за енергетска ефикасност ви овозможува да уживате во топлината на зимата и свежината на летото, како и во мирот и тишината кои ја зголемуваат удобноста перманентно.

Продажбата на станови е во тек, побарајте повеќе информации од нашите агенти.

Image
Image