Image

Друштвото за градежништво, трговија и проектирање ДДМ Инженеринг ДОО Охрид ги бележи своите почетоци од 2007 година со јасна визија и цел на пазот за недвижности да понуди луксузни, современи и квалитетни станови и да обезбеди висок стандард за урбано домување.

бул. Партизански Одреди 88, локал 8, 1000 Скопје, Северна Македонија
078 202 287

ddminzenering@yahoo.com

© 2025 DDM Powered by Genera Development

Тафталиџе

Нова перспектива на урбано домување

Новиот премиум станбен комплекс во Тафталиџе претставува идеален спој на модерна естетика и неспоредлива удобност. Луксузен објект кој претставува совршена рамнотежа помеѓу мирниот и динамичен начин на живот.

Во согласност со најновите трендови и светски стандарди во градежништвото, новиот обејкт е синоним за квалитет во секој поглед, а вниманието на секој детаљ од изведбата, како однадвор, така и одвнатре е еден од приоритетите кога станува збор за современо домување.

Врвното архитектонско решение и висококвалитетната изведба во комбинација со стратешки одбраната локација претставуваат неопходни елементи за квалитет според современите светски принципи.

КАРАКТЕРИСТИКИ НА ОБЈЕКТОТ

Сместен во пријатно опкружување во една од најпосакуваните населби во главниот град, со внимателно избрана и лесно достапна локација, објектот нуди брза поврзаност со центарот и сите важни точки во градот, овозможувајќи ви секојдневна удобност без компромиси.

Атрактивната локација помеѓу урбаните содржини нуди безброј можности за модерен живот. Одлична инфраструктурна поврзаност со сите важни градски позиции, од неопходни секојдневни содржини, па сѐ до голем број на места за забава и релаксација на само неколку минути одалеченост од вашиот дом. Идеално опкружување за сите оние со диманично секојдневие, кои се во потрага по современ простор.

Архитектура која балансира стил и функционалност, со пространи простории, големи прозорци за природна светлина и внимателна распределба на секој простор, во комбинација со изградба согласно највисоки стандарди - користење на квалитетни материјали, современи системи за изолација, грижа за топлинска и звучна удобност.

Објектот во целост ги задоволува најстрогите стандарди за квалитет, функционалност и енергетска ефикасност, а секоја единица гарантира комплетна удобност во просторот. Располага со луксузни станбени единици од над 100m2 опремени со дневен простор, три спални соби и две бањи.

Луксузниот комфор, идеалениот распоред и максималната функционалност е она што го отсликува секој стан. Со модерна естетика и паметно искористување на просторот, секој стан нуди беспрекорна удобност во просторот и највисок квалитет. Секоја станбена единица е проектирана да биде неверојатно комфорна и идеално функционална, со одличен распоред, каде удобноста во секој агол е загарантирана.

Објектот во Тафталиџе е целосно распродаден! Им посакуваме среќа на сите станари во своите нови домови, а ние продолжуваме понатаму со нови проекти, следејќи ја нашата визија да бидеме синоним за најдобар квалитет и современо домување.

Image
Image