Новиот премиум станбен комплекс во Тафталиџе претставува идеален спој на модерна естетика и неспоредлива удобност. Луксузен комплекс од два помали објекти кој претставува совршена рамнотежа помеѓу мирниот и динамичен начин на живот.
Во согласност со најновите трендови и светски стандарди во градежништвото, новиот комплекс е синоним за квалитет во секој поглед, а вниманието на секој детаљ од изведбата, како однадвор, така и одвнатре е еден од приоритетите кога станува збор за луксузно домување.
Врвното архитектонско решение и висококвалитетната изведба во комбинација со стратешки одбраната локација претставуваат неопходни елементи за квалитет според современите светски принципи.
Сместен во една од најпосакуваните населби во главниот град, во пријатно опкружување, нуди идеална поставеност за да овозможи мирен живот, додека во истовреме обезбедува одличен пристап до важни инфраструктурни позиции.
Средината полна со зеленила гарантира дека ќе имате пријатно живеење, додека содржините кои се наоѓаат во непосредна близина ќе ги задоволат сите потреби на урбаното секојдневие.
Објектот претставува мини комплекс од два одделни објекти, каде се сместени по 3 луксузни станбени единици во секоја од нив со површини од 109m2 до 157m2, односно вкупно 6 станбени единици во целиот комплекс. На приземјето на комплексот се наоѓаат два премиум дуплекс станбени единици, каде преку внатрешни скали се пристапува до првиот кат. Кај овие премиум станови, на приземјето е сместен дневниот простор, додека на горниот кат се предвидени спалните соби. На подземното ниво во склоп на објектот е сместен паркинг простор до кој се пристапува преку патнички лифтови од двата објекти посебно.
Комплексот во целост ги задоволува најстрогите стандарди за квалитет, функционалност и енергетска ефикасност, а секоја единица гарантира комплетна удобност во просторот.
Луксузниот комфор, идеалениот распоред и максималната функционалност е она што го отсликува секој стан. Со модерна естетика и паметно искористување на просторот, секој стан нуди беспрекорна удобност во просторот и највисок квалитет. Секоја станбена единица е проектирана да биде неверојатно комфорна и идеално функционална, со одличен распоред, каде удобноста во секој агол е загарантирана.
Искусете го луксузното живеење како никогаш досега.
Продажбата на станови е во тек, побарајте повеќе информации од нашите агенти.