Image

Друштвото за градежништво, трговија и проектирање ДДМ Инженеринг ДОО Охрид ги бележи своите почетоци од 2007 година со јасна визија и цел на пазот за недвижности да понуди луксузни, современи и квалитетни станови и да обезбеди висок стандард за урбано домување.

бул. Партизански Одреди 88, локал 8, 1000 Скопје, Северна Македонија
078 202 287

ddminzenering@yahoo.com

© 2025 DDM Powered by Genera Development

Сопиште

Нова димензија на домување во хармонија со природата

Новиот станбен комплекс на Сопиште е совршена комбинација помеѓу модерениот начин а живот и природната убавина. Нова димензија на современо домување настрана од урбаниот градски метеж, која овозможува да ја искусите убавината на природата веднаш до вашиот дом.

КАРАКТЕРИСТИКИ НА ОБЈЕКТОТ

Сместен во пријатна средина, опкружена со зеленила и чист воздух во падините на Водно, нуди идеална поставеност за да овозможи мирен живот, додека во истовреме обезбедува одличен пристап до важни инфраструктурни позиции. Уникатен концепт за сите кои бараат мир и удобност, без да се откажат од лесниот пристап до важните градски содржини.

Започнувајќи со стратешки одбрана локација, изработка на современо архитектонско решение и врвна изведба употребувајќи ги најквалитетните материјали, создаваме нов модерен концепт на домување во хармонија со природата, кој во целост ги задоволува сите потреби за современото живеење.

Она што го карактеризира комплексот во Сопиште е уникатниот панорамски поглед на главниот град. Со идеално пријатна средина и неверојатен живописен поглед кон градот, новиот комплекс нуди неповторлива комбинација на природна убавина и модерен стил на живеење, кој ќе ви даде нова перспектива на вашето секојдневие.

Идеалната поставеност овозможува совршено мирен живот, додека во истовреме обезбедува одличен пристап до важни инфраструктурни позиции. На само неколку минутно возење до центарот на градот и одлична поврзаност со сите поважни градски точки, за да ви овозможи современо домување додека имате идеална достапност до урбаните содржини.

Комплексот во Сопиште нуди станбени единици кои ги задоволуваат сите потреби на современото семејство. Со пространи соби и одличен распоред, секој ќе го пронајде својот мир и комфор. Секој стан е внимателно дизајниран за да понуди совршен баланс помеѓу стил и функционалност. Од пространи соби со отворен простор и многу светлина, до идеално решена функционалност за беспрекорно користење, секоја станбена единица е дизајнирана имајќи го предвид вашиот животен стил.

Image

Комплексот е составен од 4 индивидуални објекти кои формираат една целина со вкупно 12 станбени единици, со површини од 60m2 до 90m2. Секој од објектите е изграден со употреба на современи сувомонтажни системи, што гарантира висок квалитет на градбата и долговечност на објектот. Овој пристап во градбата овозможува подобра енергетска ефикасност и поголема безбедност, што дополнително ја подобрува удобноста во живеењето.

Покрај најдобрата понуда на станови, се грижиме за секоја потреба за квалитетно домување да биде задоволена на најдобриот начин. Комплексот во Сопиште располага со подземно ниво за паркирање во склоп на објектот, сигурно и безбедно место за вашето возило, со што можете да бидете сигурни дека вашиот паркинг простор е обезбеден.

Внимателно проектирани станбени единици, максимален квалитет на градба, пријатна средина и отворен поглед кон градот кој до одзема здивот.Уживајте во мирот и спокојството на секојдневието, во средина каде што квалитетот и удобноста се на прво место. Сите погодности на дланка во вашиот нов совршен дом!

Продажбата на станови е во тек, побарајте повеќе информации од нашите агенти.

Image