Новиот објект во Кисела Вода ги има на располагање сите предности на модерниот и урбан начин на живот.
Започнувајќи со избор на најдобрата локација, изработка на современо архитектонско решение и врвна изведба употребувајќи ги најквалитетните материјали, создаваме модерен концепт на домување кој во целост ги задоволува сите потреби за современото живеење.
Сместен во урбана средина, во непосредна близина на центарот на Скопје, која ги задоволува сите потреби кои приоизлегуват од динамичното живеење. Изведен според најсовремените градежни технологии, со што секоја станбена единица гарантира максимален квалитет и удобност.
Атрактивната локација во центарот на урбаните содржини нуди безброј можности за модерен живот. Одлична инфраструктурна поврзаност со сите важни градски позиции, од неопходни секојдневни содржини, па сѐ до голем број на места за забава и релаксација на само неколку минути одалеченост од вашиот дом. Идеално опкружување за сите оние со диманично секојдневие, кои се во потрага по современ простор.
Супериорен квалитет, идеален распоред и максимална функционалност е она што го отсликува секој стан. Со модерна естетика и паметно искористување на просторот, секој стан нуди врвна удобност и највисок квалитет.
Веруваме дека секој поединец или семејство заслужува простор прилагоден на својот уникатен начин на живот, па поради тоа нудиме различни типови на станови, секој дизајниран да задоволува различни потреби и преференции.
На вкупно 5 нивоа, објектот располага со 16 станбени единици со површини од 38m2 до 80m2, а достапни се повеќе типови на станови со една, две или три спални соби. Во склоп на објкетот е обезбеден и паркинг простор на подземно ниво.
Секоја станбена единица од објектот во Кисела Вода е проектирана да биде удобна и функционална, со идеален распоред, каде секој метар квадратен е максимално искористен.
Уживајте во одлична функционалност и лесен пристап до градските содржини.
Продажбата на станови е во тек, побарајте повеќе информации од нашите агенти.