Вашиот дом од соништата

Станбениот објект CitySide е нов урбан комплес за заедничко домување и претставува совршен спој на модерен дизајн на архитектура, врвен квалитет на изградба и максимална функционалност на станбените единици.

Комплексот е сместен на атрактивна локација во Скопје, на ул. Вангел Дину во населбата Влае, во идеално мирна средина, на соодветна далечина од градскиот метеж, а сепак во непосредна близина на урбаните содржини. Локацијата нуди одличен пристап и едноставна комуникација со важни инфраструктурни позиции како супермаркети, пазар, болница, училиште, парк и многу други.

Објектот е поделен во два влеза и располага со вкупно 12 станбени единици, еднособни и двособни, распоредени на 3 нивоа, со по 2 станбени единици на секое ниво, со површини од 38 м2 до 57 м2. Објектот е со вкупна нето површина од 590 м2 во двете единици. Дизајнирани со одлична фунционалност и максимално искористување на просторот, секоја станбена единица ветува практичност, удобност и комфор. Објектот, исто така, располага со подземен паркинг простор со вкупно 11 паркинг позиции.

Инспириран од најсовремените светски трендови во градежништвото и архитектурата, комплексот CitySide претставува модерен објект кој може да одговори на сите потреби на урбаното домување.

Посебно внимание е посветено на изборот на градежни материјали и примена на најсовремените технологии во градежништвото, за целосно нов пристап во изградбата, со цел понуда на станови со врвен квалитет и највисок коефициент на енергетска ефикасност.

Објектот се категоризира со одлична топлинска и звучна изолација за максимална удобност и комфор, благодарение на користење на иновативни системи и квалитетни материја од реномирани светски производители.

Благодарение на иновативните сувомонтажни систени на германскиот производител Knauf, комплексот CitySide ги задоволува најстрогите стандарди за квалитет и се карактеризира со највисока ознака за енергетска ефикасност, максимална топлинска и звучна изолација кои гарантираат комплетна удобност во просторот.

Системите за сува градба, кои функционираат на принципот маса-федер-маса, ефикасно ја намалуваат енергијата на звучните бранови, овозможувајќи одлична звучна изолација и приватност во вашиот дом.

Надворешните ѕидови се составени од 10cm камена волна за максимална топлотна и звучна изолација и дополнителни 5cm камена волна за изолација како дел од фасадата. “Sидот кој дише” на Knauf одлично ја регулира влажноста на амбиенталниот воздух и допринесува до поквалитетно домување.

Sидовите помеѓу становите се состојат од два реда камена волна и вкупно пет Knauf табли, додека ѕидовите за преградување на собите во внатрешноста на еден стан се со еден ред камена волна и вкуно 4 Knauf табли за зголемена звучна изолација.

Профилните системи на познатиот производител Veka се придржуваат до највисоките стандарди за квалитет на профили на прозорци што важат во Европа. Развојот на профилната технологија на компанијата има за цел да ги зголеми перформансите, овозможувајќи највисоко ниво на изолација и комплетна удобност во домот.

Обезбедување на квалитетот во согласност со највисоките стандарди ги опфаќа сите области на компанијата, од развој и производство до администрација и логистика.

За комплексот CitySide одбираме високо квалитетни прозорци со 6 коморен профил и 3 слојно стакло, чиј исклучителен квалитет ќе ви овозможи неверојатна изолација и енергетска ефикасност во вашиот дом.

Кога станува збор за избор на санитарија, изборот за комплексот CitySide се две реномирани производители – Kolpa San и Grohe, чии основни карактеристики се врвна технологија,највисок квалитет на производи, исклучителен дизајн според најактуелните светски трендови и максимално ниво на одржливост.

Комплексот CitySide е прв објект за заедничко домување со комплетна имплементација на системот за сува градба на познатиот производител Knauf и ги овозможува сите карактеристики за квалитетен и енергетски ефикасен дом.

Идеалниот спој на модерна архитектура и врвен квалитет несомнено го прават комплексот CitySide да биде вистинскиот избор за урбано домување.