Зошто сува градба?
Mодерното живеење подразбира примена на иновативни системи и следење на најсовремените трендови во градежништвото. Сувомонтажните системи за градба завземаат сè позначајно место во современото градежништво, а докажано е дека обезбедуваат голем број предности за објектите.
Но, што подразбираме под сувомонтажни системи и зошто се карактеризираат како најквалитетни при изведба на станбени објекти?
Овие системи опфаќаат гипс картон плочи, прегради, системи за противпожарна заштита, акустични решенија за звучна изолација и слично. Гипсот е биолошки здрав материјал за градење, целосно инертен кон организмот и со иста pH вредност како човечката кожа. Со користењето на гипсените материјали при изградба на објектите, се обезбедува здрава и безбедна средина во нашите станови, поддржана со неверојатна енергетска ефикасност за објектот во целина.
Еве некои од клучните предности на сувата градба:
▪️ Имаат одлични термо изолациони својства. Овие системи повеќекратно ја подобруваат топлинската заштита, што значи дека во зима просториите многу брзо се загреваат, а во лето брзо се ладат и тоа придонесува за уште поголема заштеда на енергија
▪️ Имаат далеку повисока звучна изолација. Овие системи подлежат на нов принцип, наречен “маса-федер-маса”, и подобри се за повеќе од 10dB од стандардните системи
▪️ Обезбедуваат заштита од пожар. Комбинацијата на гипс-картонски плочи, метални профили и камена волна обезбедуваат висок степен на заштита од пожар кои издржуваат и многу високи температури
▪️ Брза и лесна монтажа. Времето на изработка е за 3 до 4 пати пократко од конвенционалните ѕидарски методи. Тоа е можно поради отсуството на влажните процеси и преостанатата влага, кои значително влијаат во целиот процес
▪️ Се постигнуваат идеално рамни и мазни ѕидови. Гипс-картонските плочи создаваат идеално рамни и мазни површини, готови за декорација и тоа за само неколку часа изработка
▪️ Обезбедуваат акустичен комфор. Гипсените плочи во комбинација со камена волна, ефективно ја апсорбираат несаканата бучава помеѓу две простории
▪️ Обезбедуваат пријатна атмосфера. Овие системи нудат изедначена температура на воздухот во просторијата и околните ѕидови, што кај луѓето предизвикува пријатно чувство
▪️ Лесно се поместуваат. Брзо и ефтино можете да го пренамените просторот и да го прилагодите според потребите. Со користењето на сувата градба се овозможува целосно реновирање на вашиот простор во домот и тоа за само неколку дена
▪️ Слобода во дизајнот. Sидовите изработени од гипс-картонски плочи и метална конструкција се од 8 до 10 пати полесни од ѕидовите од цигли за иста дебелина. Тоа овозможува засебна функционална поделба на просториите, во зависност од спецификите на барањата, без да има потреба од значителна промена на проектот
▪️ Обезбедуваат голема механичка стабилност на објектот и највисока енергетска ефикасност на секоја станбена единица
Ние веруваме дека квалитетно домување не подразбира само добро уреден дом, туку пред сè енергетски ефикасен дом. Особено внимание посветуваме при изборот на материјали за изградбата на секој објект, стремејќи се да внесеме целосно нов пристап во градењето.
Нашите објекти ги задоволуваат најстрогите стандарди за квалитет и се карактеризираат со највисока ознака за енергетска ефикасност, максимална топлинска и звучна изолација кои гарантираат комплетна удобност во просторот.
Покрај тоа, како општествено одговорна компанија, која максимално се посветува и континуирано вложува напори во грижа за животната средина, се трудиме истата да ја применуваме во секој сегмент од нашето работење. За таа цел, употребуваме сувомонтажни системи како основен градежен материјал во нашите објекти.
Добијте повеќе информации за нашите активни објекти на 078 202 287.