Запознајте го Дејан Муртовски, управител на ДДМ Инженеринг

Запознајте го Дејан Муртовски, управител на ДДМ Инженеринг. 


Мисијата на компанијата која бележи 14 години постоење и повеќе навремено и успешно реализирани проекти е да понуди нешто повеќе од само стан, и е секогаш посветена на максимално задоволување на желбите и потребите на клиентите. За нив, претставува предизвик секогаш да понудат новитет на пазарот, следејќи ги најновите светски трендови во градежништвото, и со тоа да произведат станови со висок квалитет и комфор во живеењето. 


Прочитајте повеќе за неговото искуство во ДДМ Инженеринг. 


“Како еден од основачите на фирмата, од самото основање во 2007 година па сѐ до денес ја извршувам и функцијата управител на фирмата. До сега се реализирани 9 проекти ,склучени 80 договори а во најава веќе имаме потпишани уште 5 проекти во некои од најатрактивните делови за живеење во Скопје. Она што нѐ води нас како тим во целиот процес, од пронаоѓање на локација, па сѐ до изградба на станот е моментот сите нас како поединци да може да се пронајдеме себеси во локацијата, односно да може да ја доживееме како дом. Во спротивно, доколку нам ни недостасува таа емоција, доколку локацијата не ја доживуваме како дом, тоа значи дека истата не е за нашите ценети клиенти и нашата потрага по идеалното место за живеење продолжува. Секогаш се трудиме најновите технолошки достигнувања од областа на енергетската ефикасност, акустика како и смарт технологија да бидат имплементирани во секој дом, на начин на кој што ние самите би сакале да го имаме тоа во нашиот дом. Нашата визија е секој наш клиент да добие дом на кој што единствено нешто што ќе му недостига е токму семејната топлина на нашите ценети клиенти.

Она што нѐ двои од другите е храброста за имплементација на најновите технолошки решенија во градежништвото, што за жал сѐ уште кај нас споро пристигнуваат, делумно поради ограничената понуда на квалитетни станови, а делумно и поради традиционалните навики на нашето општество каде сѐ уште тешко се прифаќаат новини, не само во градежништвото туку и во сите сфери на нашето живеење. Она што изминатиов период, во кој сме затворени поради пандемијата, предизвика негативен ефект на скоро сите полиња, во областа на градежништвото ја донесе можеби единствената позитивна работа, а тоа е што сите идни купувачи го насочија својот интерес кон online пазарување, па во градежништвото тоа се ефектуира преку зголеменото пребарување по интернет за сите типови на опрема и материјали кои се вградуваат и на некој начин компаниите како нашата, кои несебично се вложуваат и вградуваат исклучиво проверени и докажани брендови можат да се издвојат од останатите на пазарот.”