Зошто гипс во објектите на ДДМ Инженеринг и кои се предностите од примена на принципот за сува градба?

Новото, модерно живеење подразбира примена на иновативни системи и следење на најсовремените трендови во градежништвото. 

Она по што се разликуваме од другите е храброста за имплементација на најновите технолошки достигнувања во нашите објекти. 

Комплексот CitySide во Влае е прв објект за заедничко домување со целосна примена на системот за сува градба на познатиот производител Knauf. 


Но, што подразбираме под сувомонтажни системи и зошто се карактеризираат како најквалитетни при изведба на станбени објекти?

Со Блажен Зотовски, советник за сува градба во Knauf, разговаравме на тема употребата на гипсот во објектите на ДДМ Инженеринг и ги споделивме предностите од примена на Knauf сувомонтажен систем на градба во поглед на звучна изолација, енергетска ефикасност, брзина на изработка, како и безбедност и траен квалитет на станбените објекти.


1. Зошто гипс во CitySide објектот на ДДМ Инженеринг? 

Кога размислувавме каков амбиент да направиме за нашите клиенти, за купувачите на нашите станови, замисливме младо семејство со диманичен живот на кое освен дом му е потребна и здрава средина за тотален одмор и релаксација. Кога ја заклучивме таа слика, гипсот остана единствен избор. 

Ако го познавате гипсот, тоа е најздравиот градежен материјал на светот. Настанат во древните мориња, од каде и луѓето излегле, па со гипсот делиме иста pH вредност. Тој, вграден во нашите станови дише исто како и ние. Ја одзема и ја враќа влажноста од воздухот, па становите изведени со гипсени материјали имаат константна влага од 40-60%. Во време кога, заради енергетската ефикасност, модерните станови се целосно изолирани од надворешноста, здравјето на воздухот е најважен параметар за квалитетн живот.

Со користењето на гипсените материјали им покажуваме на купувачите дека ни се важни на подолг рок! :) Нели? Сакаме секој ден поминат во нашите станови да им биде здрав и безбеден.

2. Зошто сувомонтажни ѕидови?

Сувомонтажните ѕидови се претставници на последната, најновата генерација на прегради во станоградбата. Како современа технологија, не постара од 60-70 години, тие се поуспешни од традиционалните ѕидови на сите полиња.

Имаат далеку повисока звучна изолација, бидејќи подлежат на нов принцип на изолација, наречен “маса-федер-маса”. Побарајте повеќе информации на интернет на оваа тема. Подобри се за повеќе од 10dB, што е многукратно повеќе.

Можеби најважен фактор во време кога мирот ни е бесценет. Имаат подобра термичка изолација, исто така важно кога заради енергерстаката ефикасност често сакаме енергетски да ги одделиме спалните соби и дневниот простор. Полесни се од традиционалните, што е многу важно во Скопје, како сеизмички многу активно подрачје и на крај, тоа се ѕидови кои лесно (споредено со традиционалните) се поместуваат, па ефтино и брзо можете да го пренамените просторот. Сепак, потребите на семејството се менуваат најдоцна за 15-20 години. Со Кнауф ѕидовите во нашите објекти секогаш ќе имате станови кои одговараат на Вашите моментални потреби за простор. 

3. Дури и фасадните ѕидови во CitySide објектот се сувомонтажни, нели?

Да. Со истите предности како и преградните, овозможивме објект со врвна енергетска ефикасност. Коефициентот на изолација на нашиот фасаден ѕид е U=0,22W/m²K, додека на пазарот другите се гордеат со законски дозволениот максимум од 0,22W/m²K. Нашите згради ќе имаат скоро два пати пониски енергетски потреби од другите на пазарот. Значи, истиот комфор, со пониска цена на греење и ладење.

4. Нешто што ретко гледаме кај станбените згради е камената волна на фасадата. Кои се предностите на овој систем?

Секако дека ретко гледате. Оваа фасада има некомерцијално висока цена и е белег само на објектите со врвен квалитет и трајност. За да ви илустрирам што значи камена волна на објект, ќе споредиме со нешто секојднвно. Нека биде еден убав волнен џемпер и една исто дебела јакна од неприродни материјали, еве нека биде некој шушкавец, пластика... И јакната и џемперот ќе ве стоплат, но џемперот нема да ве испоти. Тој ќе и дозволи на вашата кожа регуларно да се поти, влагата ќе поминува низ џемперот и ќе ве вентилира, а вие ќе уживате во пријатната топлина. А фасадата не е јакна. Таа вечно останува да го штити вашиот дом. Ќе оставам сами да замислите какво е чувството да живеете во шушкавец. Мотивот на здравјето, кој го спомнавме на почетокот го продолжуваме и крунисуваме со контактната фасада со камена волна. На сето тоа, фасадата со камена волна има доживотна трајност, противпожарност (камената волна има точка на топење над 1.000°С, а полистиренот доживува неповратни промени на 60°С што е лесно постиглива температура кај потемни погменти на фасада)и огромна димензионална стабилност на промена на температура. Гаранција за доживотен комфор и безбедност на нашите објекти.


Ние веруваме дека квалитетно домување не подразбира само добро уреден дом, туку пред сè енергетски ефикасен дом. Особено внимание посветуваме при изборот на материјали за изградбата на секој објект, стремејќи се да внесеме целосно нов пристап во градењето.

Комплексот CitySide ги задоволува најстрогите стандарди за квалитет и се карактеризира со највисока ознака за енергетска ефикасност, максимална топлинска и звучна изолација кои гарантираат комплетна удобност во просторот.

Со оглед на докажаниот квалитет, овој принцип на градба ДДМ Инженеринг има за цел да го имплементира и во своите следни проекти.