Основни градежни материјали за енергетски ефикасни станбени единици

Нашата мисија е да понудиме нешто повеќе од само стан, и сме секогаш посветени на максимално задоволување на желбите и потребите на клиентите. За нас претставува предизвик секогаш да понудиме новитет на пазарот, следејќи ги најновите светски трендови во градежништвото, и со тоа да произведуваме станови со висок квалитет и комфор во живеењето. 

За таа цел, внимателно ги одбираме најдобрите партнери, светски реномирани компании за производство на материјали во градежништвото, а долгогодишната успешна соработка е резултат на нашата постојана посветеност и одговорност кон истите. 


Разговараме со Дејан Муртовски, сопственик и менаџер на ДДМ Инженеринг во однос на изборот на материјалите за изградба на комплексот CitySide во Влае. 


1. Она што ретко го среќаваме во изградбата на станбени објекти е употреба на гипсот како основен материјал. Зошто се одлучивте токму за гипс во комплексот CitySide во Влае?

 

Гипсот како градежен материјал е еден од најприродните материјали кои може да се користат во градбата. Неговата способност да ја одржува влажноста во просториите на идеалните 35%-50% влажност во секоја соба е главна карактеристика. На овој начин конечно се елиминира главнот проблем кој се јавува во новите преизолирани објекти каде појавата на кондезација во просториите е неизбежна токму поради слабата способност на традиционалните ѕидарски материјали за апсорбција на влагата од воздухот. Секој вишок влага гиспот ќе ја абсорбира ,додека ако пак воздухот е сув ,абсорбираната влага од гипсот се враќа назад во просторот.

Впрочем,бенефитот од природните својства на гипсот се гледаат во медицината, каде на секоја скршеница, имобилизацијата се прави со гипс, материјал кој има иста ph вредност како нашата кожа.

 

2. Зошто се одлучивте за системите за сува градба на #Knauf во комплексот CitySide во Влае? Согласно вашето искуство во градежништвото, кои сметате дека се предностите од овој вид на градба?

 

Системите за сува градба полека започнуваат да си го наоѓаат своето место во станоградбата. Нивната целосна имплементација како во нашиот случај е сеуште лимитирана на мал број инвеститори( претежно приватни објекти за домување) од причина што ние сме народ што тешко прифаќаме промени надвор од нашите традиционални сфаќања , без разлика што сите најнови испитувања и сите сертификати укажуваат на тоа дека одредени материјали кои до сега се користеле во градежништвото ,треба во најбрзо време да бидат заменети со посовремени и докажано квалитетни материјали. Главен проблем кај системите за сува градба ,целосно вградени како во нашиот случај ,вклучувајќи го и фасадниот систем е повисоката цена во однос на традиционалната ѕидарија. 

Најскап, а воедно и главен елемент во системот за сува градба е токму фасадниот ѕид , кој е најголемиот бенефит од овој систем. Овој преграден ѕид има неколку значајни својства меѓу кои најглавната е неговата парапропусност, односно способност за пропуштање на вишокот влага од просториите надвор од објектот.Со тоа се спречува појавата на влага,мувла,кондензација на прозорците и мн други здравствени проблеми кои може да ги предизвика премногу влага во нашите домови. Другата главна особина на овој преграден систем е тоа што материјалот кој се користи во фасадата е камена волна а не стиропор, која заразлика од стиропорот е огноотпорна и не гори до 1000 степени , а дополнително е неколкукратно подобар топлински и пред се звучен изолатор кој спречува продор на бучава во внатрешноста на вашиот дом .Крајниот бенефит од системите за сува градба е естетиката , добивате идеално прави ѕидови , токму заради едностваниот начин на изведба кој не остава простор за грешка.

 

3. Што е предноста во дополнителната изолација со камена волна на фасадата во однос на енергетската ефикасност на становите?

 

Главната предност на објект на кој фасадата е изработена од камена волна е неговата зголемена огноотпорност. Камената волна не гори до 1000 степени и го спречува ширењето на огнот во случај на пожар. Втората предност на камената волна е ефектот кој го предизвикува, таканаречен ѕид што дише , токму поради спосбноста на камената волна наспроти стиропорот кој е вештачки материјал и кој комплетно го запечатува објектот со сите негативни и позитивни работи кои произлегуваат од едно такво запечатување. Нити еден објект не смее херметички да се затвори, поради тоа што целокупната влага и заситен воздух во просториите нема да може да излезе надвор. Фасадниот ѕид со камена волна овозможува константна размена на воздухот од внатрешноста со свеж воздух од надворешноста без тоа да има ефект на топлинската изолација.

 

4. Дали планирате да продолжите со имплементација на овој вид на градба за следните ваши објекти? Што можеме да очекуваме следно од ДДМ Инженеринг?

 

Сите наши идни објекти, ќе бидат изведени исклучиво со примена на системите за сува градба , бидејќи лично се уверивме во предностите кои ги дава овој систем. Дополнително, планот на нашата компанија е дополнителен развој и воведување и на други системи во станоградбата , започнувајќи од смарт технологијата која се повеќе навлегува во сите области од нашето живеење, понатака имплементација на нови енергетски ефикасни системи за греење како што се топлинските пумпи вода-воздух со вградено подно греење , вградување на вентилирачки фасади кои се врвот во станоградбата во делот на изработката на фасади....и уште многу многу други новитети ,а за сите наши планови сите наши сегашни и идни клиенти ќе бидат навремено известени на нашата веб страна како и на социјалните мрежи.