Никогаш полесно до нов дом со CitySide Complex и Охридска Банка АД Скопје.

Одлуката за домување е можеби една од најважните одлуки кои ќе ги донесете во животот, а купувањето на недвижен имот е значајна инвестиција која поминува низ долг процес на размислување. 

Доколку размислувате купувањето на вашиот нов дом да го финансирате преку подигање на станбен кредит, најверојатно се соочувате со големи предизвици.

  • Колкав износ можам да позајмам?
  • Колкав кредит можам да си дозволам?
  • Како да направам споредба на трошоците за станбен кредит?
  • Како да одберам соодветен рок за отплата?

Во секој случај, подигањето на станбен кредит бара претходна внимателна проценка, пред сè од причина што оваа одлука значи преземање на повеќегодишна финансиска обврска. 

Во пресрет на еден од најголемите предизвици наречен избор на соодветен станбен кредит за купување на нов дом, ДДМ Инженеринг во соработка со нашиот долгогодишен партнер Охридска Банка АД Скопје ви нуди одлична можност и значително поволни услови да дојдете до нов квалитетен дом.  

Како професионала и одговорна компанија, континуирано посветена на одржување на квалитетна соработка со нашите партнери, како и фокусирана на максимално задоволување на потребите на секој клиент, ние сме секогаш спремни да обезбедиме апсолутна помош и поддршка на секој клиент при донесување на една од најважните одлуки во животот. 

Нашиот долгогодишен партнер Охридска Банка АД Скопје ви нуди најповолни услови за станбени кредити и флексибилен план за отплата, кој ќе ви овозможи да го остварите вашиот сон и да ја одберете понудата која најмногу ви одговара.

Во продолжение ви претставуваме понуда и пресметка од Охридска Банка АД Скопје во однос на услови за подигање на станбен кредит наменета за сите клиенти кои би сакале да купат стан во CitySide Complex, која претставува единствена можност под најповолни услови да станете сопственици на квалитетен енергетски ефикасен дом, кој долгорочно ќе ви овозможи квалитетно домување. 

  • Фиксна каматна стапка за првите 10 години, почнувајќи од 3,40>
  • Варијабилна каматна стапка по десеттата година – фиксна маргина 5,00% + 6 месечен ЕУРИБОР
  • Максимален износ до 200.000 ЕУР
  • Рок на отплата до 360 месеци
  • Грејс период - 12 месеци за изградба, во спротивно, 6 месеци
  • Валута: ЕУР 

Станбениот кредит со 10 години фиксна каматна стапка од Охридска банка ви нуди одлични услови:

·     Фиксна каматна стапка од 3,4% за првите десет години од отплатата на кредитот. 

·     По десеттата година, каматната стапка е варијабилна и се пресметува врз основа на стапка на шестмесечен Еурибор.

·     Информативна пресметка:

Износ на кредитот

30 000 евра

Рок на кредитот

240 месеци

Месечна рата за првите десет години

172 евра

Месечна рата по десетата година

187 евра

Вкупен износ што го враќа клиентот

43 080 евра

Благодарение на успешната соработка, до сега повеќе од 50 станови се купени користејќи станбени кредити одобрени од Охридска Банка АД Скопје,што дополнително ја истакнува довербата на оваа реномирана финансиска институција кон нашата компанија.

За подетални информации и консултации можете да нè контактирате на:

078 202 287

ddminzenering@yahoo.com